Доброволното медицински потпомогнато окончување на животот отсега е законски дозволено во сите австралиски држави и територии, откако парламентот на Сверната територија на Австралија го усвои Законот за правата на терминално заболените.

Предлогот беше изгласан по дводневна расправа и гласање според совеста, со што Северната територија стана последната австралиска јуридикција која ја легализираше процедурата, објави австралискиот јавен сервис Еј-Би-Си.

Според усвоените одредби, барање може да поднесат полнолетни лица заболени од неизлечива болест, за која се проценува дека ќе доведе до смрт во рок од најмногу 12 месеци. Исполнетоста на барањето мора да го потврдат двајца независни лекари.

Слични новости

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.