Податоците на Евростат покажуваат дека младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на возраст од 30,7 години, за разлика од младите во ЕУ кои си заминуваат на 26,3 години.
Најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска (31,5 години), Грција и Словачка (и двете по 30,9), но и во Шпанија и Италија ( по 30,2), младите во Србија остануваат со родителите до 30,1 година, покажуваат податоците за 2025 година.
Најрано пак младите си заминуваат во Финска (21,4 години), Данска (21,8) во Естонија и Литванија (на по 22,7). Од регионот во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.
Според Евростат насекаде во светот постои тренд на подолго останување на малдите луѓе во домот на своите родители.
Слични новости
Дождот престанува, но доаѓаат минусни температури
До крајот на денот врнежите од дожд низ Македонија ќе престанат, прогнозираат метеоролозите. Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност.
Марта Кос денеска ќе го престави пакетот за проширување на ЕУ
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска во Европскиот парламент ќе го претстави Пакетот за проширување на Европската унија за 2026 година.
Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка
Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.


