Група од 50 пратеници на Европскиот парламент побара од ФИФА да покрене истрага против претседателот на организацијата Џани Инфантино поради доделувањето на првото признание на ФИФА за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. Пратениците наведуваат дека со ова се прекршени правилата за политичка неутралност на фудбалската федерација.
Во писмото упатено до ФИФА што го објави „политико“ европските пратеници бараат од етичкиот комитет на ФИФА да се испита одлуката за оснивање на годишна награда за мир и да му се додели првото признание на Трамп
Европратеникот Бери Ендруз кој го иницираше писмото, оцени дека ФИФА со Светското првенство треба да го обединува светот, но постапките на Инфантино го доведуваат во прашање угкледот на организацијата и самото првенство.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Русија изврши голем ракетен напад врз Киев
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.
Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД
Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.


