Европскиот индекс СТОКС денеска е главно статичен, со цена од 5936,20, што претставува успорување на силниот раст кој претходеше изминатиот период кога СТОКС достигнуваше рекордни вредности.
Упадот на американските сили во Венецуела, како и тензиите предизвикани од плановите на Доналд Трамп за анексија на Гренланд дадоа силен поттик на воената потрошувачка ширум светот, што доведе до пораст на европските акции во наменската, особено одбранбената индустрија, пренесува Блумберг.
Цената на нафтата, по вчерашниот благ скок денеска повторно падна на 60,4 долари по барел за нафтата Брент и 56,75 долари по барел за сировата нафта.
Слични новости
Европските берзи и денеска во пад
Европските берзи и денеска бележат главно негативни резултати, пред се како последица на војната на Блискиот исток.
Цените на нафтата и гасот во режим на паника
Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.
Почна дводневниот штрајк на пилотите на Луфтханза
Во германската авиокомпанија Луфтханза денеска започна дводневен штрајк на пилотите кој би можел да добведе до околу 300 откажувања на летови дневно


