Европските берзански индекси денеска се главно во минус, а цената на нафтата Брент падна под 93 долари за барел, пред најавената одлука на САД да воведат нови санкции врз Иран.

Цената на нафтата Брент денеска изутрина падна за 1,65 насто на 92,88 долари за барел, додека американската сирова нафта ВТИ падна за 2,14 насто на 85,1 долар за барел.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент наскоро треба да го претстави новиот пакет санкции, со кој администрацијата на Доналд Трамп сака дополнително да ја изолира иранската економија и да изврши притисок врз земјите кои му помагаат на Иран да ги заобиколи санкциите, пренесе американската телевизиска мрежа Си-Ен-Би-Си.

Слични новости

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.