На европските берзи се тргува претпазливо во вторникот претпладнето, додека инвеститорите го следат развој на настаните откако францускиот парламент вчера изгласа недоверба на владата.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,1 отсто во претплдневнито пресек од тргувањето. Истовремено лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,09 отсто, на 9.230 поени, а парискиот CAC се зголеми за 0,24 отсто, на 7.753 поени. Франкфуртскиот DAX, од друга страна, порасна за 0,11 отсто, на 23.780 поени.
Синоќа францускиот парламент ѝ изрази недоверба на владата на премиерот Франсоа Бајру, поради што сега претседателот Емануел Макрон мора да најде нов премиер, веќе петти за помалку од две години.
Поради ова, инвеститорите се претпазливи, а пазарите се поддржани од порастот на цените на акциите во рударскиот сектор од 1,3 проценти.
А на повеќето азиски берзи, цените на акциите пораснаа претпладнево. Индексот MSCI на акциите во Азиско-пацифичкиот регион порасна за 0,2 отсто во истиот термински пресек како и во Европа.
Во исто време, цените на акциите во Шангај и Австралија паднаа за меѓу 0,3 и 0,6 отсто, додека во Јапонија, Индија, Хонгконг и Јужна Кореја пораснаа за меѓу 0,2 и 1,1 отсто.
Јапонскиот индекс Nikkei достигна рекордно високо ниво претпладнево, бидејќи инвеститорите се надеваат дека новиот премиер, откако Шигеру Ишиба поднесе оставка во неделата, ќе воведе нови фискални мерки за поттикнување на економскиот раст.
Слични новости
Во авионите на „Ryanair“ од следната среда само со дигитални билети
Од среда, 12-ти ноември, воздухопловната компанија „Ryanair“ повеќе нема да издава хартиени билети, туку само дигитални за качување во авионот, кои патниците ќе ги добиваат преку својот профил/сметка во апликацијата „Ryanair“
BASF започнува со производство во огромната фабрика во Кина
Германскиот хемиски гигант BASF објави дека започнал со производство во огромна фабрика во Кина, вредна милијарди евра
Полска во преговори за зголемување на увозот на течен гас САД
Полска е во преговори за зголемување на увозот на течен природен гас (LNG) од САД за снабдување на Украина и Словачка, со што дополнително ќе се зајакнат врските на Европската унија со американските производители на енергија


