На европските берзи се тргуваше мирно во понеделник претпладнето, бидејќи работната седмица ќе биде скратена за божикните празници, а цените на акциите благо паднаа откако достигнаа рекордни високи нивоа минатата седмица.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,1 отсто во претпладневниот пресек од тргувањето, откако достигна рекордни 588 поени во петокот. Претпладнево, лондонскиот индекс FTSE падна за 0,28 отсто на 9.870 поени, а парискиот CAC 40 падна за 0,16 отсто на 8.138 поени. Франкфуртскиот DAX порасна за 0,19 отсто на 24.335 поени.
А на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, порасна за повеќе од 1 отсто во истиот термински пресек од тргувањето како и во Европа. Истовремено, цените на акциите во Хонгконг, Индија, Шангај, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија пораснаа за меѓу 0,4 и 2,1 отсто.
Растот на индексите во голема мера се должи на закрепнувањето на технолошкиот сектор, како што беше случајот на Волстрит во петокот. На почетокот на минатата седмица овој сектор остро падна, бидејќи инвеститорите беа загрижени за огромните инвестиции на технолошките гиганти во развојот на вештачката интелигенција.
Сепак, на крајот од седмицата, секторот закрепна на њујоршки Волстрит, а претпланево цените на технолошките компании растат и на азиските берзи.
Иако не се очекуваат многу важни вести во оваа работна седмица, која е скратена поради божикните празници, цените на акциите растат бидејќи инвеститорите обично ги разубавуваат своите портфолија кон крајот на годината, купувајќи ги оние акции што имале најдобри перформанси од почетокот на годината.
Слични новости
Бројката на новоотворени работни места во САД во декември падна за 386.000
Бројката на новотоворени работни места во САД во декември падна за 386.000 на 6,5 милиони, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Тоа е најголем пад од септември 2020 и е значајно под пазарните очекувања
Европските берзански индекси во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.
Крах на криптовалутите на берзите
Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.


