Европските берзи и денеска бележат главно негативни резултати, пред се како последица на војната на Блискиот исток.

Индексот на Франкфуртската берза ДАКС денеска падна за 0,26 насто, францускиот ЦАЦ падна за 0,58 насто, а лондонскиот ФТСЕ падна за 0,54 проценти.

Американските берзи, исто така бележат пад. Дау Џоунс на Волстрит затвори со минус од 0,61 насто, а индексот на најбогатите 500 американски компании падна за незначителни 0,1 насто.

Фјучесрите на енергентите нафта и гас се во постојан пораст на берзите, а пораснаа и цените на златото и пченицата. Еврото и натаму јакне во однос на доларот.

 

 

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.