Европските берзи денеска се во благ плус додека инвеститорите ги чекаат новите податоци за инфлацијата во мај во еврозоната кои треба да покажат колку војната меѓу САД и Иран влијаела врз растот на цените на енергентите и пошироката економија.

Фјучерсите на паневропскиот индекс СТОКС 50 пораснаа за 0,6 насто, додека лондоснкиот ФТСЕ порасна за 0,3 насто, пренесе американската телевизија Си-Ен -Би -Си.

Берзанските аналитичари проценуваат дека Европската вентрална банка на крајот од овој месец ќе ја зголеми каматната стапка за 25 базни поени, но тоа сепак зависи од податоците за инфлациата во еврозоната.

Слични новости

Танкерите повторно минуваат низ Ормутскиот теснец

Танкерите повторно минуваат низ Ормутскиот теснец

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец почна да се опоравува по напредокот во преговорите меѓу САД и Иран, а податоците за следењето на бродовите покажуваат дека денеска два супертанкери го напуштија теснецот, додека седум празни танкери впловија во Персискиот залив по нов товар.