Европските берзи денеска се во плус, а нафтата благо поевтини, откако по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан се намалија геополитичките ризици.

Цената на сировата нафта е намалена за 0,74 насто и сега изнесува 95,2 долари за барел, додека нафтата Брент поевтини за 0,81 насто и сега изнесува 97 долари за барел.

Германската берза забележа раст од 0,44 насто, француската за 0,66, а лондонски ФТСЕ порасна за 0,19 насто.

За разлика од европските берзи кои се во пораст, американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 1,21 насто, Насдак падна за 0,89 насто, а С и П 500 падна за 0,74 проценти.  

Слични новости