Европските берзи паднаа за повеќе од еден отсто во претпладневнот тргување во вторникот, додека инвеститорите чекаат нови деловни извештаи од европските компании.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 1,2 отсто во првиот денвен пресек од тргувањето.
Лондонскиот индекс FTSE се лизна за 0,85 отсто на 9.618 поени, додека франкфуртскиот DAX потона за 1,61 отсто на 23.745 поени, а парискиот CAC 40 падна за 1,38 отсто на 7.998 поени.
Азиските берзи, исто така, забележаа пад на цените на акциите. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, се лизна за 0,5 отсто во истиот термински пресек како и во Европа, лизнувајќи се од највисокото ниво во последните четири ипол години. Во меѓувреме, цените на акциите во Индија, Шангај, Хонгконг, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја паднаа за меѓу 0,4 и 2,4 отсто.
Последните седмици индексите во Јапонија, Јужна Кореја и Тајван речиси континуирано достигнуваа рекордни нивоа, благодарение на порастот на цените на акциите во технолошкиот сектор поради еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција. Сепак, од утрово инвеститорите одлучија да повлечат дел од својата добивка од пазарот.
Слични новости
Европските акции во пад: Загубите во секторот на вештачката интелигенција вршат притисок врз берзите
Акциите на европските берзи повторно завршија во минус, со што го продолжија падот од претходниот ден заснован на загубите на компаниите од секторот на вештачката интелигенција.
САД и дадоа на Унгарија едногодишен исклучок од санкциите за руските енергенси
Трамп ја оправда одлуката бидејќи, како што рече, на Орбан му е многу тешко да најде нафта и гас од други извори. Тие немаат излез на море и зависни се од нафта и гас од Русија
DHL објави пониски приходи во третиот квартал
Логистичката компанија DHL објави пад на приходите од 2,3 отсто на 20,1 милијарди евра, поради валутните ефекти и падот на пратките во САД


