Европските берзански индекси денеска главно се во минус, пренесуваат новинските агенции. Германскиот ДАКС падна за 0,17 насто, британскиот ФТСЕ за 0,41 насто, московскиот МОЕКС за 0,54, а единствено францускиот ЦАЦ порасна за 0,16 насто.
Во фокусот на инвеститорите се податоците за германската трговска размена и индустриско производство во април, кои би можеле да дадат нови сигнали за состојбата на најголемата европска економијаи изгледите за економски раст во регионот.
За разлика од европските американските берзи се во пораст. Насдак порасна за 0,86 насто, а С и П 500 порасна за 0,30 насто.
Слични новости
Србија ги намали акцизите на горивата за 20 проценти
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина
Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно
Цената на нафтата продолжува нагло да расте
Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.


