Европските берзански индекси се во пораст и покрај високата цена на нафтата Брент која изнесува 102 долари за барел, додека берзите ја чекаат одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки.

Берзанските аналитичари очекуваат дека ФЕД ќе ги задржи истите каматни стапки во распон од 3,5 до 3,75 насто, а ќе ги следат и комнетарите на претседателот на ФЕД Џером Пауел за тоа дали порастот на цената на нафтата ќе влијае врз монетарната политика во иднина.

Франкфуртската берза порасна за 0,62 насто, француската берза порасна за 0,76 проценти, а лондоснкиот ФТСЕ за 0,27 насто.

Цената на нафтата Брент падна за 1,2 насто на 102,7 долари за барел.

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.