Акциите на европските берзи се во голем пад како последица на интензивирање на конфликтот на Блискиот исток што доведе до негативно расположение кај инвеститорите.

Паневропскиот СТОКС падна за цели 3,2 насто, а главните европски берзи забележаа многу негативни резултати, пренесе американската телевизија ЦНБЦ.

Индексот на Франкфуртската берза падна за 3,5 насто, како и индексот на француската берза, а лондонскиот ФТСЕ падна за 2,8 насто.

Слични новости

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.