Акциите на европските берзи повторно завршија во минус, со што го продолжија падот од претходниот ден заснован на загубите на компаниите од секторот на вештачката интелигенција.

Паневропскиот СТОКС 600 падна за 0,7 насто, францускиот ЦАЦ падна за 0,2 насто, а индексот на франкфуртската берза ДАКС падна за 0,8 насто.

Голем пад на акциите забележа британската компанија „Рајтмув“за онлајн трговија со недвижности од 12,5 насто, откако и беше прогнозиран слаб профит поради големите вложувања во вештачка интелигенција.

Падод 5,1 насто имаше и компанијата за лекови Ново Нордиск која на почетокот на неделата ги намали проценките на пораст, по договорот со САД за намалување на цените на лековите за слабеење.

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел