Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на вчерашната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека ќе предложи царини за увоз на руска нафта, а денеска портпаролот на Комисијата Олаф Гил рече ЕК ќе предложи царини за увоз на руска нафта во Европа. 

Не станува збор за санкции, за кои е потребна едногласност, туку за трговска мерка за која земјите-членки одлучуваат со квалификувано мнозинство и не може да биде ставено вето.

Унгарија и Словачка се единствените земји што сè уште увезуваат нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“. Тие, како и Чешка, добија ослободување од забраната за увоз на нафта и нафтени деривати како земји без излез на море што не можат да увезуваат нафта од други извори.

Слични новости

Европските акции во пад: Загубите во секторот на вештачката интелигенција вршат притисок врз берзите

Европските акции во пад: Загубите во секторот на вештачката интелигенција вршат притисок врз берзите

Акциите на европските берзи повторно завршија во минус, со што го продолжија падот од претходниот ден заснован на загубите на компаниите од секторот на вештачката интелигенција.