Европката централна банка оценува дека Европската унија мора да ги отстрани пречките кон единствениот пазар за да ја засили конкурентноста на европските компании.

Европската унија има пазар од 450 милиони потрошувачи, но не ги користи во целост неговите предности поради пречките во движењето на стоките и услугите во ЕУ.

Отстранувањето на тие пречки би им овозможило на компаниите да водат бизис на поголем пазар, да го зголемат производството и да ги намалат трошоците на произвдоство, што е посебно важно за ИТ секторот, финансиите и традииционалните индустрии, каква што е автомобилската.

Слични новости

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.