Одлуката на Врховниот суд на САД да ги поништи дел од глобалните тарифи што ги воведе Доналд Трамп предизвика различен бран од реакции во Европа. Иако првобитно е дочекана како олеснување и сигнал за можна стабилизација на трговските односи меѓу Европа и САД, кај европските претприемачи има страв дека укинувањето на царините може да произведе нов круг од незивесности и дополнителни потреси на глобалниот пазар.

Ројтерс пишува дека дел од европската бизнис заедница се плаши од „економски бумеранг“. Претставници од повеќе индустриски сектори предупредуваат дека одлуката на Врховниот суд на САД не носи појасна слика за американската трговска политика, туку отвара нова фаза на правна и регулаторна неизвесност.

Особена загриженост предизвикува фактот дека не е познатио кои инструменти ќе се обиде да ги употреби американската администрација во наредниот период. Аналитичарите предупредуваат дека оваа ситуација може да значи нов период на трубуленции во глобалната трговија.

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.