Европа ја започна сезоната на повлекување на гасот од своите подземни складишта со голема брзина, што создава ризици врз сигурното снабдување на потрошувачите со гас за време на зимата, соопшти рускиот енергетски гигант Гаспром.

„Гасот веќе се повлекува со голема брзина од европските складишта. Во деновите на крајот на октомвбри и почетокот на ноември количините на повлечен гас достигнаа рекордни вредности за тие датуми откако се води евиденција“, се наведува во соопштението на Гаспром, што го пренесе РИА новости.

Европските складишта за гас влегоа во новата сезона на потрошувачка со историски ниска пополнетост од 74,9 насто, додека германските резерви изнесуваа само 61,6 насто, што претставува историски минимум.

 

Слични новости

Цената на нафтата надмина 112 долари за барел

Цената на нафтата надмина 112 долари за барел

Цената на суровата нафта „брент“ утрово се искачи на 112 долари за барел, приближувајќи се до четиригодишниот максимум од 114,44 долари достигнат на 4 мај. Цената на американската сурова нафта ВТИ се искачи на близу 100 долари за барел, највисоко ниво за пет недели.