Европа е под закана од недостиг на гас, доколку американскиот претседател Доналд Трамп не постигне договор со Иран за деблокада на Ормускиот Теснец, предупреду Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Доколку Теснецот остане затворен до почетокот на 2027 година, а Европа ја погоди студена зима, залихите на гас би можеле да паднат на само 10 отсто од складишните капацитети.
Дополнителен проблем би можел да настане наредното лето, кога Европа ќе мора да ги полни сопствените складишта кои по грејната сезона би истанале речиси празни. Тоа би го продолжило периодот на високи цени кои и онака значително се зголемени поради војната со Иран.
Според ИЕА, цената на гасот на европскиот спот пазар во третото тримесечје од оваа година била 90 отсто повисока во однос на истиот период лани.
Слични новости
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.