Европските земји го осудуваат американскиот претседател Доналд Трамп заради договорот со рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина, пренесува Политико, повикувајќи се на извори од европските дипломатски кругови.
Во повеќе европски престолнини преовладува уверението дека пристапот на Вашингтон кон Москва е премногу мек и недоволно усогласен со ставовите на европските сојузници.
„Да го слушате Трамп како бескрајно зборува дека го разбира Путин и сака Украина да успее делува повеќе од наивно“, изјави европски висок функционер за Политико. Според него, таа наивност на американскиот претседател го кочи решавањето на конфликтот.
Истовремено, како што се наведува, европските земји имале ниски очекувања од разговорите на Белата куќа со украинскиот претседател Зеленски.
Претседателите на САД и Украина Трамп и Зеленски на 28 декември одржаа разговори зад затворени врати, по што беше организирана и видео конференција со европските лидери, потсетува Политико.
Слични новости
Синиша Каран избран за нов претседател на Република Српска
Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија Синиша Каран освоил 50,54 насто од гласовите, а неговиот противкандидат Бранко Блануша 48,09 насто.
Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК
Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.
Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.


