Европските земји во рамките на НАТО ги интензивираат разговорите за засилување на заедничката одбрана на Арктикот, со се поизразена реторика насочена кон Русија и Кина.

Како што пишува Њујорк тајмс, некои членки на Алијансата веќе користат беспилотни летала на далечниот север поради надзор и трагање по руски бордови и подморници, додека паралалено се разгледува отпочнување на нова операција „Арктички чувар“.

Европските политичари се обидуваат да испратат сигнал до Вашингтон дека се способни самостојно да придонесат за заштита на американските интереси во поларниот регион, без да напаравт отстапки по прашањето на Гренланд. Њујорк тајмс оценува дека пораката е упатено директно до Доналд Трамп.

Слични новости