Кошаркарите на Монако остварија исклучително убедлива домашна победа во 13-то коло од Евролигата, победувајќи го турскиот Анадолу Ефес со дури 102:66.
Монако со тоа ја оствари осмата победа оваа сезона, а вреди да се напомене дека најдобриот играч на Монако, Мајк Џејмс, постигна само седум поени. На тоа додаде шест асистенции. Најдобар играч на Монако беше Даниел Тис со 17 поени, додека Алфа Дијало додаде 13 поени со четири скока. Метју Стразел постигна 12 поени за Монако со пет асистенции и три украдени топки.
Во вечерното дерби, Црвена ѕвезда од Белград го победи Олимпијакос со 91:80 и се израмни со Хапоел и Панатинаикос на врвот на табелата. Џордан Нвора беше најдобар играч за белградскиот тим со 23 поени и три скока. Од друга страна, Саша Везенков беше најдобар со 29 поени и осум скока.
Армони Брукс постигна 20 поени за победата на Армани Милан на гости над Макаби со 102:88, додека Барселона го победи францускиот Асвел со 88:78 на домашен терен.
На врвот на табелата се Хапоел, Панатинаикос и Црвена Ѕвезда со девет победи и четири порази. Монако, Олимпијакос, Барселона, Жалгирис и Валенсија имаат сооднос 8-5.
Слични новости
Денвер Нагетс во серија победи и без Јокиќ
Кошаркарите на Денвер Нагетс денеска на свој терен ја победија екипата на Вашингтон Визардс со резултат 121:115 предводени од Џамал Мари кој постигна 42 коша.
Хјустон ја победи Минесота во дербито на Западната конференција
Хјустон ја победи Минесота во дерби меч од Западната конференција на НБА што се одигра утринава со 110:105. Најдобар поединец кај Хјустон беше Кевин Дурант кој даде 39 коша од кои шест тројки
Данска-Македонија 36:24, клучните натпревари против Португалија и Романија
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави по вечерашниот пораз од Данска (24-36) на отворањето на Европското првенство, дека клучните дуели во групата Б допрва претстојат против Португалија и Романија.


