Голем шумски пожар избувна во областа Алмиропотамос во Каристос на грчкиот остров Евија, по што властите наредија евакуација на населението од загрозените подрачја. Пожарот по неколкучасовна борба со огнената стихија е локализиран, соопштуваат локалните служби.
Во гаснењето биле ангажирани околу 120 пожарникари, засилени пешадиски екипи, волонтери и 35 противпожарни возила. И покрај тоа, силните северни ветрови дополнително ја отежнувале интервенцијата и придонесувале за појава на нови жаришта.
Копнените сили и понатаму остануваат на терен со цел целосно гаснење на преостанатите жаришта и спречување на повторно разгорување на пожарот, додека жителите постепено се враќаат во безбедните зони.
Слични новости
Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД
Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.
Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај
Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.
Трамп бара да им се одземат лиценците на телевизиите што не го пренесуваа во живо неговиот говор
Претседателот на Америка Доналд Трамп денеска изјави дека на телевизиските мрежи кои не го емитуваа неговиот говор за безбедноста на изборите во Америка треба да им се одземат дозволите за емитување програма.


