Авион за евакуација на „Ер Србија“ со 67 патници слетал синоќа во Белград од Шарм ел Шеик, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија. Покрај граѓаните на Србија, во авионот имало и граѓани на Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле евакуирани од Израел.

 Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Дамјан Јовиќ, истакна дека обврска на државата е да се грижи за своите граѓани во сите околности, и добри и лоши, и токму тоа е причината за организирање лет за евакуација на граѓаните кои се нашле во воено разурнатите подрачја, се наведува во соопштението на српското министерство.

Според него, иако станува збор за хуманитарно прашање, со овој гест Србија испраќа порака дека се стреми кон најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со соседните земји.

 

Слични новости

Вработените во Македонски пошти на протест

Вработените во Македонски пошти на протест

Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.