Авион за евакуација на „Ер Србија“ со 67 патници слетал синоќа во Белград од Шарм ел Шеик, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија. Покрај граѓаните на Србија, во авионот имало и граѓани на Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле евакуирани од Израел.
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Дамјан Јовиќ, истакна дека обврска на државата е да се грижи за своите граѓани во сите околности, и добри и лоши, и токму тоа е причината за организирање лет за евакуација на граѓаните кои се нашле во воено разурнатите подрачја, се наведува во соопштението на српското министерство.
Според него, иако станува збор за хуманитарно прашање, со овој гест Србија испраќа порака дека се стреми кон најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со соседните земји.
Слични новости
Од утре повторно дожд, но температурите остануваат високи
Во недела и во понеделник претпладне во Македонија повторно ќе следува краткотрајна мала промена на времето. Ќе се зголеми облачноста и ќе има локални врнежи од дожд
Во македонскиот парламент 37,5 насто од пратениците се жени
Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат.
Цените на горивата во Македонија меѓу најевтините во регионот
Според последните споредбени податоци, просечната цена на горивата во Македонија се движи околу 1,35 долари за литар, што е пониско во однос на повеќето соседни земји како Грција, Бугарија, Косово и Србија.


