Авион за евакуација на „Ер Србија“ со 67 патници слетал синоќа во Белград од Шарм ел Шеик, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија. Покрај граѓаните на Србија, во авионот имало и граѓани на Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле евакуирани од Израел.
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Дамјан Јовиќ, истакна дека обврска на државата е да се грижи за своите граѓани во сите околности, и добри и лоши, и токму тоа е причината за организирање лет за евакуација на граѓаните кои се нашле во воено разурнатите подрачја, се наведува во соопштението на српското министерство.
Според него, иако станува збор за хуманитарно прашање, со овој гест Србија испраќа порака дека се стреми кон најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со соседните земји.
Слични новости
Од недела сончево и потопло време
На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.
Пад на индустриското производство во Македонија за 4,2 насто
Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во февруари 2026 година е намалено за 4,2% во однос на истиот месец минатата година.
Поранешниот претседател Стево Пендаровски со порака до СДСМ дека е во опасност да стане маргинална партија
Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски испрати порака до раководството на неговата СДСМ – дека партијата се наоѓа на сериозен крстопат и дека без длабоки промени може да се соочи со понатамошен пад, па дури и со политичка маргинализација.


