Филмот „Ебенејзер“ на Парамаунт во кој филмската ѕвезда Џони Деп се врати на големото платно по пауза од осум години е прв на американскиот Бокс офис со заработка од 20 милиони долари викендов. „Ебенејзер“ заработи дополнителни 23 милиони долари на странските пазари.

Филмот е хорор адаптација на книгата „Божиќната Керол“ на Чарлс Дикенс, а над 50 насто од публиката изјави дека отишла во кино да го гледа филмот, само поради Џони Деп.

Филмот имаше продукциски буџет од скромни 38 милиони долари, а во него играат и Руперт Гринт, Андреа Рајзбороу, Сам Клафлин и Ијан МекКелен.

„Ебенејзер“ е првиот филм во кој игра Џони Деп по „Фантастичните ѕверови“ од 2018-та година.

 

Слични новости

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.