Филмот „Ебенејзер“ на Парамаунт во кој филмската ѕвезда Џони Деп се врати на големото платно по пауза од осум години е прв на американскиот Бокс офис со заработка од 20 милиони долари викендов. „Ебенејзер“ заработи дополнителни 23 милиони долари на странските пазари.
Филмот е хорор адаптација на книгата „Божиќната Керол“ на Чарлс Дикенс, а над 50 насто од публиката изјави дека отишла во кино да го гледа филмот, само поради Џони Деп.
Филмот имаше продукциски буџет од скромни 38 милиони долари, а во него играат и Руперт Гринт, Андреа Рајзбороу, Сам Клафлин и Ијан МекКелен.
„Ебенејзер“ е првиот филм во кој игра Џони Деп по „Фантастичните ѕверови“ од 2018-та година.
Слични новости
Грција најголем потрошувач на антибиотици во ЕУ
Грција во текот на 2025 остана најголем потрошувач на антибиотици во ЕУ, при што нивната употреба во Грција порасна втора година по ред, оддалечувајќи ја земјата од целите за намалување на потрошувачката
Пенелопе Круз добитничка на наградата на филмскиот фестивал во Санта Барбара
Круз годинава повторно е во фокусот на вниманието со филмот „Поканата“ кој беше сензација на фестивалот Санденс, ја доби наградата на публиката на фестивалот во Торонто за „ла Лола Негра“, а наскоро се очекува нејзиниот најнов филм „Бункерот“.
Русија ја започна клиничката употреба на вакцината против ракот на дебелото црево
Русија ја започна клиничката употреба на вакцината „Онкопепт“ за лекување на ракот на дебелото црево, изјави шефот на Федерална медицинско-биолошка агенција на Русија Игор Борисевич.


