Државниот долг на Соединетите Америански Држави надмина 40 билиони долари, покажуваат најновите податоци на американското министерство за финансии.
Долгот во вторникот достигна 40,047 билиони долари, од што 32,255 билиони се однесуваат на долг кон инвеститорите и сопствениците на американските хартии од вредност, додека 7,782 билиони претставуваат обврски внатре во федералната влада, пренесе денеска Ројтерс.
Американскиот долг двојно се зголеми за помалку од десет години.
Слични новости
Србија ги намали акцизите на горивата за 20 проценти
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина
Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно