Државата го потроши речиси целиот дел од Унгарскиот кредит предвиден за македонските компании. Последната транша исплатена кон Развојната банка изнесува скоро 7 милиони евра, а таа се очекува да ги прераспредели парите по комерцијалните банки каде фирмите аплицирале со свои проекти.

Вкупно 224,3 милиони евра се исплатени до сега од вкупно 250 милиони предвидени од унгарскиот кредит исвести денеска преку соопштение Министерството за финансии

Последната нова транша изнесува 6,9 милиони евра, со што преостануваат уште 25 милиони за во следниот период. 

Кои фирми земале кредит од државата која се задолжи преку кредит во Унгарија за сега останува тајна. Условите за земање кредит за фирмите се со 1,95 % камата, грeјс период од 3 години и рок на отплата до 15 години.

Тие за проектот кој ќе го финансираат од кредитот мора да имаат сопствено учество од 20 %.

Кредитите за компаниите се дел од милијарда евра заем кој Македонија го доби од Унгарија. Двесте и педесет милиони евра се за компаниите, исто толку за локалните власти, а 500 милиони за враќање стари заеми на државата.

 

 

Слични новости

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.