Студиото Дизни годинава ги продуцираше најголемите хитови на Бокс Офисот во 2025 и ќе ја заврши годината со 8,8 милијарди долари добивка само од продажба на кино билети.
Нивниот последен филм „Аватар: Огин и пепел“ научно фантастичната авантура на Џејмс Камерон викендов заработи 88 милиони во САД и 181,2 милиони надвор од Америка, за тотална заработка од 760 милиони долари. Се очекува Аватар до крајот на годината да надмине милијарда долари заработка.
Единствените два други филма што надминуваат милјарда долари заработка на Бокс Офисот се исто така филмови на Дизни : „Зоотопиа 2“ кој е сеуште втро на Бокс Офисот со 1,4 милијарди долари заработка и Лило и Стич со повеќе од една милијарда.
Слични новости
Фаворит на доделувањето на Бафта наградите в недела „Една битка по друга“.
На церемонијата на доделување на наградите, на сцената ќе бидат и Оскароваците Барјан Кранстон, Килиан Марфи, Мајкл Б Џордан, Глен Клоуз и Патрик Демпси.
Холивуд се простува од легендарниот актер Роберт Дувал
Една од иконите на Холивуд Роберт Дувак, кој во кариерата имаше дури седум номинации за Оскар ќе остане запаметен по улогите на консилјерето Том Хејган во култните филмови Кум 1 и Кум 2 на Копола
ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
Европскиот парламент ги оневозможи функциите на вештачка интелигенција на таблетите што им ги доделува на пратениците, поради безбедност и заштита на податоците


