„Една битка по друга“ субверзивниот политички трилер на Пол Томас Андерсон е апсолутен победник на вечерта на Оскарите.

Филмот го освои најзначајниот Оскар за филм на годината, а режисерот Пол Томас Андресон ги освои Оскарите за најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио.

Ова беа првите Оскари што ги освои ветеранот Пол Томас Андерсон, откако претходно 14 пати беше номиниран за златнатата статуетка, но не успеа да ја освои.

„Една битка по друга“ освои шест Оскари, откако ги освои Оскарите и за најдобра монтажа, најдобар каст, и најдобра споредна машка улога Шон Пен.

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.