„Една битка по друга“ субверзивниот политички трилер на Пол Томас Андерсон е апсолутен победник на вечерта на Оскарите.
Филмот го освои најзначајниот Оскар за филм на годината, а режисерот Пол Томас Андресон ги освои Оскарите за најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио.
Ова беа првите Оскари што ги освои ветеранот Пол Томас Андерсон, откако претходно 14 пати беше номиниран за златнатата статуетка, но не успеа да ја освои.
„Една битка по друга“ освои шест Оскари, откако ги освои Оскарите и за најдобра монтажа, најдобар каст, и најдобра споредна машка улога Шон Пен.
Слични новости
Македонија падна три места во Индексот за слобода на медиумите
Македонија е со пад од 3 места, од 42 на 45, во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата со медиумите е „проблематична“.
На Први мај светската премиера на „Ѓаволот носи Прада 2“
Секвелот на хитот „Ѓаволот носи прада“ од 2006 -романтична комедија за модната индустрија со неверојатен успех, ќе ја има премиерата во кината на...
Европа се загрева побргу од остатокот на светот: По жешката 2025, доаѓа уште потопла 2026
Европа во текот на 2025 забележа една од најтоплите години во историјата, а научниците предупредуваат дека 2026 би можела да биде уште потопла...


