Доларот повторно зајакна на светските девизни пазари и ја заокружи втората недела по ред со раст, додека инвеститорите се повлекуваат од поризичните валути и бараат засолниште во американската валута.

На крајот од неделата доларот порасна за околу 0,7 отсто во однос на кошницата главни валути, додека еврото ослабе за околу 0,6 отсто и се спушти кон 1,14395 долари.

Главната причина за новото јакнење на доларот е комбинацијата од геополитички ризик и страв од поскапа енергија.

Продолжената воена криза на Блискиот Исток и растот на цената на нафтата над 100 долари за барел дополнително ги оттурна надолу валутите на економии што зависат од увоз на енергенси, особено еврото и јенот.

 

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.