На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна во раното претпладневно тргување во вторникот, втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,06 поени, додека вчера во истиот термински пресек на тргувањето изнесуваше 98,62 поени

 

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 157,35 на 156,05 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1775 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето чинеше 1,1720 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, изгубија дел од вчерашните добивки. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово ослабе за 0,26 отсто, на 61,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,29 отсто, на 57,85 долари.

globe

Слични новости

Британските банки планираат алетернатива за платежните картички поради страв од Трамп

Британските банки планираат алетернатива за платежните картички поради страв од Трамп

Шефoвите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување на локален платен систем, познат како „ DeliveryCo” за да ја намалат зависноста од американските платни картички Виза и Мастеркард