Документарниот филм „Меланија“ што студиото Амазон МГМ го откупи за 75 милиони долари, оваа недела потона на Бокс Офисот со заработка од само 2,37 милиони долари, иао почна да се прикажува во повеќе од 2.000 кино сали.

Првата недела филмот заработи 10 милиони долари, што благо ги надмина очекувањата, па големиот пад од 67 проценти во гледаноста е разочарувачки.

Досега Меланија заработи 13,4 милиони долари, но Амазон планира летоска филмот да го направи достапен на стриминг платформите.

Инаку Меланија има исклучително лоши критики, а стручната јавност го оцени како одвратен филм и пропаганда, додека Ротен томејтоус му даде мизерни 6 насто од гледачите.

 

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.