До крајот на денот врнежите од дожд низ Македонија ќе престанат, прогнозираат метеоролозите.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност.

Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали.

Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Слични новости