УПОЗ и Владата по денешната средба на двете страни предводени од претседатели Трпе Деаноски и Христијан Мицкоски. Објавија дека ставовите им се доближени. .
Финансискиот дел е речиси усогласен и прифатлив и за синдикатот и за Владата останува делот со условот кој централната власт го постави, откажување од општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори.
Дваесет и четири отсто зголемување на платата во наредните две години и два месеци плус зголемувањето на минималната плата е понудата на Владата која што донекаде е идентична со барањата на УПОЗ за зголемување од 30 отсто. Ова би опфатило околу осум илјади вработени во управата и правосудството.
Од друга страна ССМ продолжува со борбата да издејствува што е можно поголемо зголемување на минималецот и најаи дека идната недела ги блокира Собранието, работодавачите односно Стопанските Комори како и Владата.
Вчера ССМ поднесе предлог до Собранието за намалување на функционерските плати преку кратење на коефициентите,a во пресметката наместо просечната како параметар да биде минималната плата.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


