Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа и повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 7 до 11 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 11 и 14 степени.
Во среда следува влошување на временските услови со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на метар квадратен, особено попладне и во текот на ноќта.
Во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен јужен ветер со брзина над 60 километри на час.
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег, при што во западните делови се очекува формирање нова снежна покривка.
Во петок времето привремено ќе се стабилизира, но за време на викендот повторно се најавуваат локални врнежи од дожд и снег.
Слични новости
СДСМ: Владата планира да потроши 100 милиони евра за нов авион
СДСМ ја обвини Владата дека планира да потроши околу 100 милиони евра за набавка на нов владин авион, наместо средствата да се насочат кон зголемување на платите
Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител
Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.
Нино Васев останува во притвор
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.


