Реткиот црвенкаст дијамант „Булгари пинк“ тежок 24 карати е продаден на аукција на Кристи во Женева за 13,1 милиони евра, пренесе Шпигел.
Дијамантот беше во приватна сопственост околу 70 години, а семејството на сопственикот го купила во Индија пред 70-ина години, по што бил однесен во атељето на модната куќа Булгари во Рим.
Се претпоставува дека дијамантот потекнува од рудникот Голконда на југот од Индија, познат по дијаманти кои се едни од најпознатите во светот.
Аукциската куќа Кристи го опиша „Булгари пинк“ како Мона Лиза меѓу црвенкастите дијаманти, истакнувајќи ја неговата чистота и проѕирност.
Слични новости
Пол Макартни со богатство од 1,4 милијарди долари е третиот најбогат музичар во светот
Според проценките на Форбс, Макартни се наоѓа на третото место зад американските музички ѕвезди Џеј Зи чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари и Тејлор Свифт со имот вреден околу 2 милијарди долари.
Лековите за слабеење поврзани со ризик од сериозно оштетување на видот
ФДА побара произведувачите на лекови Оземпик, Вегови, Моунџаро и Зепбаунд во упатсвата да додадат и предупредување за можна појава на неартериска предна исхемиска оптичка невропатија
Светот постојано се загрева 2026 би можела да биде една од четирите најтопли години во историјата
Оваа година ќе стане една од четирите најтопли од кога постојат мерењата, за што придонесе силниот феномен Ел Нињо, кој го продолжува трендот на загревање кој трае повеќе од една деценија, соопшти агенцијата на ОН за метеорологија.


