Реткиот црвенкаст дијамант „Булгари пинк“ тежок 24 карати е продаден на аукција на Кристи во Женева за 13,1 милиони евра, пренесе Шпигел.

Дијамантот беше во приватна сопственост околу 70 години, а семејството на сопственикот го купила во Индија пред 70-ина години, по што бил однесен во атељето на модната куќа Булгари во Рим.

Се претпоставува дека дијамантот потекнува од рудникот Голконда на југот од Индија, познат по дијаманти кои се едни од најпознатите во светот.

Аукциската куќа Кристи го опиша „Булгари пинк“ како Мона Лиза меѓу црвенкастите дијаманти, истакнувајќи ја неговата чистота и проѕирност.  

 

Слични новости

Почина американскиот актер Стејси Кич

Почина американскиот актер Стејси Кич

Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.