По објавување на ревизорскиот извештај за Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија директорот на фондот  Никола Мемов соопшти дека извештајот за работењето на институцијата во 2024 година се однесува на период во кој најголемиот дел од годината Фондот бил управуван од претходното раководство.

Мемов порача дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите. Сите пензионери непречено и континуирано ги остваруваат своите права од здравственото осигурување и редовно ги добиваат здравствените услуги под исти услови како и досега.

Тој ги повика пензионерите да бидат уверени во редовната исплата на пензиите кои се врвен приоритет на раководството на ПИОМ и на владата.

Слични новости

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.