По победата на Брегот на слоновата коска врз Еквадор од 1:0 утринава во Филаделфија, новата ѕвезда на Ливерпул Јан Диоманде изјави дека е секогаш добро првенството да се почне со победа и дека неговата репрезентација сака да испише историја на Светското првенство.

Голот го постигна резервниот играч Амад Дијало во 90-тата минута од мечот. Фудблаерите на Брегот на слоновата коска четврти пат учествуваат на фудбалски мундијал, но досега ниту еднаш не ја минале првата фаза.

Доколку во последното коло Брегот го победи Курасао како што се очекува, сигирно ќе оди понатаму, како второпласирана во групата во која Германија е апсолутен фаворит.

 

Слични новости