Државната изборна комисија соопшти дека до 11 часот од вкупно запишани 128.286 гласачи на 215 избирачки места во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде што денеска се спроведуваат повторените избори за избор на градоначалник гласале 3.553 гласачи, односно 3,32 насто.

ДИК информира дека во споредба со гласањето на 19 октомври 2025 излезноста е намалена и тоа во Гостивар за 1,96, Центар Жупа за 2,61 и во Маврово и Ростуше за 5,82 насто.

Во овие општини повторно се гласа за градоначалник затоа што на локалните избори во октомври не беше постигнат цензус.

 

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.