Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите 20 приговори поднесени за постапката на гласање. Три од нив веднаш беа одбиени како неуредни, приговорите на независните и на партијата „Трета“ за Прилеп и на Левица за Ѓорче Петров.
Одбиени се и приговорите на Националната Алијанса за Интеграција (НАИ) да се отвори материјалот на едно избирачко место во Бутел, на коалицијата „Твоја Македонија“, во едно избирачко место во Виница, за каде било утврдено дека недостигаат три сериски броеви.
На истата коалиција ѝ се одбиени приговорите и за општините Кривогаштани, Богданци и Чашка, а СДСМ самите ги повлекоа приговорите за Чашка. Одбиен е приговорот и на коалицијата „Искуство за успех“ за гласање во село Лажани, Општина Долнени, дека имало случаи на семејно гласање и помош при гласањето.
Слични новости
Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства
Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и девет против, ја донесе Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Коцевски смета дека на Анкетната комисија не треба да се изнесуваат докази и искази за трагедиите
Во Собранието со 84 гласа „за“, беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која ќе ги опфати сите немили случаи и трагедии во кои изгубија живот 138 лица
Повторно затворен граничниот премин Евзони
Околу 14 часот по локално време грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја


