Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.
Просечната цена е пресметана врз основа на цените пријавени на повеќе од 9.000 бензински пумпи. На близу 700 бензински пумпи цената на дизелот беше повисока од 2,5 евра за литар, а на околу 70 бензински пумпи надмина и 2.7 евра за литар.
Истовремено цената на бензинот од 95 октани што е најпродаван вид на бензин во Франција надмина 2,16 евра по литар, што е највисока цена од 2022-ра година.
Слични новости
Нафтата Брент околу 115 долари за барел, европските индекси во плус
Нафтата Брент денеска на берзите се продава за околу 115 долари за барел, што е поевтинување во однос на претходните денови за 1,48 насто. Лесната американска нафта ВТИ поевтини за 1,96 насто и сега изнесува 101,25 долари за барел.
Цената на златото падна под 4.000 долари за унца
Цената на златото на берзите падна на под 4.000 долари за унца, достигнувајќи го најниското ниво од средината на јули, додека вредноста на племенитиот метал на неделно ниво ослабна за речиси 4 насто.
Нафтата Брент поскапе на 114 долари, европските индекси во пад
Цената на нафтата Брент денеска во 10 часот на берзите порасна за 0,93 насто на 114,2 долари за барел, а лесната американска нафта ВТИ за 1,22 насто на 100,7 долари за барел.


