Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам доби ѕвезда на Холивудската патека на славните, а на свеченото откривање на ѕвездата заедно со Бекам присуствуваа и неговата сопруга Викторија и децата Ромео, Круз и Харпер.

На Дејвид Бекам му се припишуваат заслуги за пораст на популарноста на фудбалот во САД. Тој им се придружи на над 2.800 познати личности кои веќе имаат ѕвезди со своето име во должина на булеварот Холивуд во Лос Анџелес, пренесе британски Телеграф.

За време на церемонијата присуствуваше и актерот Том Круз, а во поздравниот говор Бекам ја пофали американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан, за кого рече дека му бил инспирација.

„Тој е причината зошто го носев бројот 23 и ми покажа дека можеш да бидеш повеќе од спортист“ рече Бекам.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.

Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто

Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто

Грција бележи остар пад на наталитетот, па така бројот на новородени бебиња падна од 117.600 во периодот 2008-2009 на 65.000 последниве две години. Истовремено, просечната старост на родилките постојано расте и додека во 2008 изнесувала 30 години, сега изнесува 32,3 години, пишува Катимерини.