Според анкетата на јавното мислење на Институтот Insa, објавена од дневниот весник Bild, АфД би ја избрале 27 проценти од гласачите, два процентни поени повеќе од Христијанско-демократската унија CDU/CSU. На последното испитување, овие две партии беа изедначени. На предвремените парламентарни избори во февруари, ЦДУ освои 28 проценти, а AfD 20 проценти.
Лидерот на ЦДУ и германски канцелар Фридрих Мерц останува на ставот за примена на „санитарен кордон“ против екстремната десница. „Нема соработка со партија која го доведува во прашање сè што ја направи Германија силна во последните децении. Во секој случај, не додека сум претседател на ЦДУ“, порача Мерц.
Германскиот канцелар појасни дека АфД е против Европската Унија, против еврото, против НАТО и против воената служба, и дека со нив нема заеднички точки туку фундаментални разлики.
Слични новости
Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата
Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК
Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми


