Научно-фантастичниот филм „ Денот на откритието“ на холивудскиот хит мејкер Стивен Спилберг е на првото место на американскиот Бокс офис со заработка од 44 милиони долари, и покрај доминацијата на генерацијата Зет во кино салите која ги преферира хорорите „Опсесија“ и „Задната соба“.

Ова е прв блокбастер на Спилберг по осум години. Стартот за филмот кој имаше буџет од 115 милиони долари е солиден, 44 милиони долари во САД и 94 милиони долари заработка вкупно, на премиерниот викенд.

Сценарист на филмот е Дејвид Коеп кој работеше со Спилберг на „Паркот Јура“, а критиката му даде на филмот високи оценки. Главните улоги во научно-фантастичниот трилер ги толкуваат Емили Блант и Џош О’ Конор.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.